(ВИДЕО) Ангеловски од МВР: Отворена е нова „Јавна соба“, работиме на детектирање на членовите

Отворена е нова група како „Јавна соба“, а Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе работи на детектирање на членовите и од оваа група.

Ова го кажа портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во вечерашното учество во емисијата „360 степени“. Тој вели дека досега се приведени четири лица инволвирани во првата група во која се споделуваат приватни фотографии телефонски броеви од девојки, жени, но и малолетнички.

Според Ангеловски, полицијата во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за документирање на овие случаи по што ќе следат соодветни пријави и додава дека се работи на детектирање и приведување и на други лица кои се вклучени во случајот.

„Како што веќе знаете ‘Јавна соба’ е затворена, но отворена е друга група и работиме на детектирање на тие членови. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија. Во моментов работиме на детектирање на сите овие инволвирани со цел санкционирање“, вели Ангеловски.
Тој додава дека сите членови на групите не се со исто кривично дело, односно секој ќе одговара за делото кое го направил.

„Доколку некој споделувал порнографска содржина или содржина со малолетници, ќе се постапува соодветно и кривичното дело ќе биде посочено. Не се сите членови со исти кривични дела“,  рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e