Трајковска: Мојот впечаток е дека дури и утре можеби нема да има договор и дека тој ќе се комплицира со ново пролонгирање

Новинарката Оливера Трајковска во дебата на „360 Степени“ вечерва го коментираше исходот од лидерската средба вечерва на која не беше постигнат договор за датум за предвремените избори.
„Мојот впечаток е дека ако Мицкоски веќе расчистил и сака да побегне од оваа политичка композиција која веќе се црта во првиот дел од изјавата на претседателот дека вонредна состојба повеќе нема, тој едноставно ќе му соопштеше на претседателот дека е на пат за Охрид, да речеме, и така дури ќе беше невозможно денеска да се сретнат. Мојот впечаток е дека дури и утре можеби нема да има договор и дека тој ќе се комплицира со ново пролонгирање, како претседателот ќе поднесува нова вонредна состојба, само да изгледа дека прилично тешко стигнале до договор“, вели Трајковска.
Трајковска не исклучува дури ни ситуација во која по завршувањето на вонредната состојба, согласно роковите би почнала и изборната кампања, па таа да биде прекината со нова вонредна состојба, доколку во меѓувреме има таков договор. Таа како пример ја зеде ситуацијата со изборите во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e