Спасовски од Ѓорче Петров: Ќе живееме како европски граѓани со европски плати и европски просперитет

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Тој зборуваше за храбрите одлуки и постигнувањата на нашата држава во изминатите три години со што државата стана членка на НАТО, на чекор е до отворање на преговорите со ЕУ, овозможивме стабилност на политички и безбедносен план, без што нема развој.

„Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не нè дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ.

Имаме двојно повеќе причини да не им дозволиме да не вратат назад, во режим и грабеж. Ветуваме дека за 4 години ќе затвориме 80 проценти од поглавјата и во наредните 5-6 години ќе бидеме европски граѓани со европски плати и европски просперитет“ рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e