Со сослушување сведоци на одбраната продолжува судењето за организаторите на 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои Игор Атанасовски, Зоран Коњановски, Ристо Донев, Игор Бошковски …

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e