Следи период на топло, но нестабилно време

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен Долж Повардарието и во источните предели. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Потоа од недела па натаму во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Уште потопло ќе биде од вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e