Силјановска: ЕУ и НАТО не носи директен економски прогрес

Илузија е да се верува дека ЕУ и НАТО автоматски носи прогрес изјави Гордана Силјановска Давкова на третата телевизиска дебата помеѓу кандидатите за претседател на државата. За пример ја посочи Србија дека има големи инвестиции од Словенија но заборава дека Србија веќе е во преговори за членство во Европската Унија. На овој коментар Пендаровски ја праша дали таа не сака да влеземе во НАТО и и одговори дека членството во ЕУ и НАТО отвараат перспектива и примерите во регионот како Албанија и Бугарија доволно сведочат за прогресот кој го носи ЕУ и НАТО.

Пендаровски и порача и дека ниедна земја освен Швајцарија не се развила само со своите ресурси и токму заради тоа е многу битно да се зачлениме во овие евроатлански сојузи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e