Шилегов негативен на вториот тест – од утре се враќа на секојдневните активности

Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. -соопшти на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби 😉.

Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме ! – напиша Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e