Шекеринска од Македониум: Нема веќе страв, има нова слобода!

Носителката на листа во изборната единица пет – Радмила Шекеринска, вечерва пред Македониумот на граѓанската трибина говореше и за постигнувањата и очекувањата на гласачите.

Таа изјави: Нема веќе страв, а има нова слобода и затоа да бидеме горди на тоа што го сторивме и кога ќе се поклонуваме пред предците и кога ќе се поклонуваме пред спомениците ние знаеме дека тој завет го исполнивме.

Исполнивме и друг завет едните илинденци се бореле за слобода, другите се бореле за држава, нашите родители, моите родители се бореа за независност ама јас моите колеги, моите другари ние се боревме за следниот чекор ова веќе да не е држава во која стравуваме за утре, да не е држава на која и предвидуваат мрачни сценарија, да не е држава во која стравот од можни војни, конфликти ќе не тера да се плашиме за безбедноста, за сигурноста, за границите.

Ние го исполнивме нашиот завет, нашата држава стана членка на НАТО, порача Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e