СДСМ за Мицкоски: Има уште многу лекции да научи, уште многу книги да прочита за да може да оценува што е во интерес на граѓаните

Зачудувачки е како Христијан Мицкоски без ниту малку срам се обидува да држи некакви лекции во јавноста, кога сите видовме со колку мал морален и етички капацитет располага, му одговоија од СДСМ на Мицкоски.

Човекот кој не почитува мерки, во време на забрана оди во кафеана, во теретана, ги прекршува сите протоколи сега се обидува со кафански пресметки да ја излаже јавноста. Христијан Мицкоски има уште многу лекции да научи, уште многу книги да прочита за да може да оценува што е во интерес на граѓаните.

Прво треба да престане да ја лаже и манипулира јавноста, а потоа да ги научи мерките и конечно да почне да ги почитува. – порачаа од СДСМ.

Мицкоски ќе мора и кривично да одговара за непочитување на мерките односно за сите кривични дела кои ги предизвика на “Боемска”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e