СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е научена само на земање, Кочоска по налог на Мицкоски блокира 90 милиони евра за борба против коронавирусот

Додека пред јавноста, на ВМРО-ДПМНЕ полна им е устата со тоа дека наводно на прво место им е здравјето на граѓаните, истовремено зад сцената, дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по налог на Христијан Мицкоски  ги блокира средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои дел се наменети за поддршка на здравствениот систем и потребите на пациентите со КОВИД-19 и социјално загрозените лица – порачуваат од СДСМ преку соопштение.

Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат проблем секогаш кога парите не завршуваат во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш и не знаеле поинаку. Оваа партија со години наназад само земаше од граѓаните. И во услови на криза од светски размери, која не не поштеди ниту  нас како држава, блокира средства кои се од особено значење за полесно справување со последиците од корона вирусот.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ антидржавност на дело!

Граѓаните ќе го ценат ваквиот незрел, однос и ќе го казнат неодговорното и антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. – потенцираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e