СДСМ: Очигледно е дека Мицкоски се договара со Груевски и делува како негов извршител

„ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски продолжуваат да шират лажни вести, да се однесуваат деструктивно на штета на државните и националните интереси.

Како и за секој важен процес, така и за пописот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните.

Очигледно е само дека Мицкоски се договара со Никола Груевски и делува каков негов извршител и тоа го гледа целата јавност, го гледаат сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски не сакаат државата да успее, тие се за назад, да стоиме во место, да закочат се. Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени. Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди, по сите критериуми на Евростат“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e