СДСМ и Коалицијата „Можеме“ денеска ќе ја претстават програмата пред кривопаланчани

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи.

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ денеска се во Крива Паланка во 19ч и Дебар 20:30ч, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, Илинден, Центар и Кисела Вода.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на градовите: Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, додека Левица ќе биде во Гевгелија, а Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e