СДСМ: ДЗС монтира бројки за раст на индустриското производство!

Дури и Државниот завод за статистика којшто испорачува нарачани бројки за обвинетиот Никола Груевски во денешниот објавен податок за раст на индустриското производство се заплетка во своите нарачани шеми.

Државниот завод за статистика при објавувањето на податокот за индустриско производство заборавил да ги намонтира и статистиките во извештајот за индексот на работниците во индустријата.

Невозможно е индустриското производство во Македонија да расте во услови кога имаме намалена продуктивност согласно извештаите на надлежните институции и намален број на работници во индустријата.

Скарани со економската логика контролираните институции на Никола Груевски не можат да ги спасат пропаднатите економски политики. – стои во соопштението од СДСМ.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e