Раст на пензиите за 700 денари е предивден во буџетот за 2020 година

Пензиите ќе пораснат за 700 денари, дополнително од предвиденото годишно зголемување, рече премиерот Зоран Заев на прес кофнеренцијата на која заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска го презентираат буџетот за 2020 година.

„2019 година е првата стабилизација на ПИОМ, во 2020 година целосно ќе се стабилизира. БИ сакал да дадеме 1500 денари дополнително, но реалните бројки зборат од 700 до 730 денари дополнително, за да стигне целосното зголемување до 900 денари реалното покачување на пензиите“, рече премиерот Заев.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска рече дека приходите на ПИОМ се зголемиле, како резултат на намалувањето на невработеноста.

„Приходите на ПИОМ се за 10% поголеми само како резултат на намалувањето на невработеноста и важна е заложбата за стабилизирање на фондот. Планирањето на буџетот на ПИОМ прво се гледа расходната страна, приходите на ПИОМ, и непокриениот дефицит. Ако гледаме колку растат приходите и дека порастот на пензиите го следи растот на платите. Владата не ги дава парите како грант, туку директно ги слева на сметката на ПИОМ. Имаме значајно зголемување на пензиите, за 2 години се зголемени за 800 денари. Имавме 19,5% непокриен дефицит, сега имаме 19,3% непокриен дефицит, што значи пензиите растат, тој се намалува“, рече министерката Нина Ангеловска.

Таа смета дека ќе се извршува добро реализацијата на буџетот за 2020 година.

„На масата на плати, зголемувањето е плус 2 милијарди. Кај лекарите, издвоена е 1 милијарда од буџетот за зголемувањето. Кај просветарите, издвоени се 1,4 милијарди за образованието. Пензиите се вкупно предвидени околу 3 милијарди денари, или пензиите во 2020 година би изнесувале околу 60,7 милијарди денари. Колку што растат пензиите, ако на пример пораснале 4,3 милијарди, не расте толку дефицитот, што е доказ дека расте приходот во ПИОМ како резултат на намалување на невработеноста и на покачувањето на минималната плата“, истакна Ангеловска.

На новинарско прашање, премиерот истакна дека би го зголемил јавниот долг ако знае дека може веднаш да се реализираат почнатите работи.

„Имаме 46,7% јавен долг во споредба со БДП. Ние не смееме да го ограничиме развојот на државата. Би го зголемил на 65% ако знам дека може веднаш да се реализираат сите работи. Треба развојот да го акцелерираме“, додаде Заев.

Фото: Стандард

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e