Петровска: Полицајците на забавата во кратовско прво го прекршиле етичкото прашање – да се грижат за угледот на полицијата

-Во овој момент кога се справуваме со пандемија најважно е да биде заштитено јавното здравје, рече дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска вечерва на интервју на Телма во „Вин-Вин“.

За случајот во кратовското село Куклица каде полицајци правеле забава за време на полицискиот час Петровска рече:

-Полицајците се видливи во униформа и нормално ако тргнувате дека вие сте тие кои треба да почитувате некоја мерка вие ке бидете огледало пред граѓаните! Дел од полициските службеници не биле, дел биле на работната задача дел. Истите тие полициски службеници прво го прекршиле етичкото прашање, а тоа е да се грижат за угледот на полицијата. – рече Петровска информирајќи дека внатрешната контрола и други организациони единици го работат овој случај и потенцирајќи дека, иако забавата била на приватен имот, со оваа постапка тие прекршиле низа мерки и препораки во време на пандемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e