Петровскa: Алијансата обединета – потребно е политичко решение и интензивен дијалог за решавање на безбедносните предизвици во Европа

Министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО се обединети во решеноста за заштита на земјите членки и колективна одбрана и потребата од интензивен дијалог и изнаоѓање на одржливо политичко решение на кризата во и околу Украина, беше заклучено на денешната сесија на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

Министрите, вклучувајќи ја и министерката Петровска дадоа силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Сè уште има простор за мирно надминување на оваа ситуација со дипломатски напори, кои е потребно да резултираат со смирување на ситуацијата на терен.

Првата и главна цел на НАТО е колективната одбрана и затоа на сесијата стана збор и за идната поставеност на Алијансата во контекст на зајакнатата поддршка за сојузниците од т.н. источно крило на НАТО.

Во дискусијата за одвраќањето и одбраната, на сесијата стана збор за инвестирањето во одбраната, градењето на капацитети за отпорност и зајакнувањето на напорите за технолошки иновации.

Денеска, министерката Петровска ќе се сретне со својот словенечки колега, министерот Матеј Тонин, со министерот за одбрана на Грција, Николаос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев и со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e