Пендаровски: Сите сме виновни за иселувањето на младите

„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни“, реагира претседателот Стево Пендаровски по денешната изјава на форумот за млади во Нови Сад, каде изјави дека и тој би се иселил од својата земја ако не е претседател.

„Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја.
Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат.
Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома“, додава Пендаровски во својата реакција до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e