Пендаровски ги додели стипендиите „Борис Трајковски“за академската 2019/2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2019/2020. Традиционално и годинава беа доделени 20 стипендии за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ во Солун. Стипендистите ќе продолжат да се усовршуваат во областа на бизнис администрацијата, менаџментот, маркетингот и финансиите.

– Добитниците на стипендиите се професионалци со завидно искуство кои со постдипломските студии ќе добијат дополнителни знаења и вештини неопходни за нивниот понатамошен личен развој што секако ќе придонесе и за институциите и за компаниите во кои работат. Нивната дообразба ќе биде од полза за целата нашата заедница, рече Пендаровски.

Тој додаде дека овие стипендии имаат повеќе од образовно значење поради тоа што го носат името на покојниот претседател Борис Трајковски, кој како што рече, имаше квалитети на вистински државник и на политичар со визија.

Затоа, рече Пендаровски, овие стипендии посебно ги обврзуваат нивните носители да ги почитуваат и да ги актуализираат вредностите кои тој ги промовираше и живееше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e