Онлајн предавање „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?“

Ковид-19 освен што не натера да го смениме секојдневието, не натера и да го смениме функционирањето на медиумите и примањето информации во светот што се соочува со нова пандемија, пандемија на Ковид-19, истакна Јасмина Јакимова, новинарка и уредничка на Радио МОФ на денешното онлајн предавање на тема „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?“.

Радио МОФ ова онлајн предавање го организираше во рамки на Деновите на медиумска писменост, како дел од медиумската кампања насловена #Инфодемија.

Весна Никодиноска, новинарка и комуниколог од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) истакна дека нејзиното излагање го заснова на препораки донесени од УНЕСКО, односно какви се информации и дезинформации можеме да сретнеме најмногу на социјалните мрежи и како тие се категоризираат.

– Во целата оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот се соочивме со еден глобален комуникациски феномен или информациска пандемија или дезинфодемија, како што го нарекува Светската здравствена организација. Опасноста од оваа дезинфодемија е исто толку голема како и самиот вирус затоа што внесува забуна, конфузија за тоа што работат медицинските работници, но и за личниот избор што треба да го направиме ние како поединци за да се заштитиме себе си.

Според Никодиноска проблемот е што растечкиот наплив на дезинформации претставува пречка за обичниот граѓанин да дојде до вистинските информации и да избере што е точно, што е добро за нас, како да се заштитиме себе си и нашите семејства. Еден од начините како да се справиме со дезинформациите е едукацијата, но и изнаоѓањето механизми како да се спречи некој да заработува пари од неточни информации е уште поважно за редуцирање на влијанието на дезинформациите.

Според Никодиноска особено е важно за младите кои се постојано во контакт со информациите од Интернет, да научат како да ги препознаат лажните информации.

Во периодот од март до август Советот за етика во нашата земја има регистрирано дека 70 проценти од жалбите што стигнале до нив, се однесуваат токму на известувањето на медиумите поврзани со Ковид-19.

Марија Севриева, новинарка во Види Вака истакна дека нејзиното искуство со лажни вести и обидот да им олесни на граѓаните е едноставно објаснување на тоа како да ги проверат информациите, односно проверка кој го објавува тој натпис, колку е тој медиум релевантен, дали има извор на информацијата што ја пласира, дали е потпишан тој текст, да се побара импресумот, категорија што многу ретко се користи, но е многу важна.

Матеј Поп-Дучев, студент на Медицинскиот факултет и член на истражувачкиот тим на Радио МОФ преку кратка презентација дискутираше за вештини за наоѓање на точни и легитимни информации поврзани со коронавирусот.

Тој истакна дека општо човештвото нема големо познавање за коронавирусот, што остава простор за лажни информации и шпекулации и дека науката не ги знае сите информации за нешто што е најплодно поле за лажни информации.

Поп-Дучев во својата презентација дискутираше за „Систематски прегледи и бета анализи“, типови на истражувања што прават сублимација на сите податоци што се достани за некое прашање, а бета анализите се истражување за истражување, односно се анализираат истражувањата и врз база на сите тие истражувања се дава конечен одговор на некое прашање.

Како пример за систематски прегледи го посочи најчестиот симптом на коронавирусот, односно покачена телесна температура. Оттука се јавува еден систематски преглед на сите истражувања што се однесуваат на клиничка презентација на Ковид-19. Како најчести симптоми на коронавирусот се јавуваат покачена телесна температура, омалаксаност и кашлица, додека губење на вкус и мирис не спаѓаат во најчести симптоми на вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e