О зоти Ахмети, кој тоа мирот го ремети?

Дел од колумната на Сашо Кокаланов за Призма:

Лажна е тезата дека изнесениов став на Ахмети е потпрен на некакви принципи. Тој е излезен од недрата на стравот за својата лична слобода на функционерите од ДУИ кои имаат од вмровскиот путер на своите глави.

Така, кроце како колона возила на снег, доаѓаме и до таканаречената платформа составена под покровителство на Ахмети, а со потпис и на Села и Касами. Не гледам јас ништо спорно во самата содржина на документот. Јохан, не овој пратеникот со кој Али планира да коалицира, туку Јохан Песталоци рекол – секој човек мора себеси да си постави некоја цел која во тој миг не може да ја досегне, за секогаш да има кон што да се стреми.

Слично е и со партиите. Да, малку ми е глупаво што во 21 век водечки партии се бават со некакви геноциди од минатото (при тазе геноцид од изминатава декада), но елем, нивно право. Тоа што е поголем проблем во платформата е нејзината вистинска цел, која не е дел од содржината, ами лебди некаде над неа – а таа е да се предизвикаат нови избори.

 Со други зборови, зоти Ахмети и зоти Груевски како резервен план чуваат варијанта да ја поништат волјата на граѓаните од 11 декември. Дека, нели, тие се победници, а секој победник сака да ја поништи својата победа, така?

СДСМ во меѓувреме не смее да се однесува како заспана убавица која чека да биде бакната од принцот од Мала Речица и потоа на бел коњ да биде однесена во дворецот-шампита на Илинденска. Јасна е нивната намера да го остават Груевски да се пече на тивок оган овие 20 дена, но на овие ниски температури, мора барем да го павкаат жарот за да не се изгаси огнот.

Партнерството на сегашните партнери во власта по ова последно интервју на Ахмети можеби изгледа замрзнато, но верувајте ќе се стопи побрзо и од патиштава, со првото потопло ветре на промените.

Да, патиштата. Некако не можам да заспијам, ме гризеше совест – јас во топла постела, а таму некои заглавени во снег по патиштава. Па, се сетив кај четири по полноќ и јас да ги загреам Перо и жена му со еден виц.

Бегаат Грујо и Али од затвор и гледаат дека надвор изнаврнало снег.
– Што ќе правиме сега, ај се враќаме назад – вели Али.
– Не бе, какво назад, имаме синџири на нозете – му одговара Грујо.

Патот до правдата и натаму е лизгав и тешко прооден. Но, добрата вест е што одговорот дали ќе се расчисти, за Грујо и неговите пајташи да добијат зимска опрема на нозете, најмалку зависи од Македонија пат.

Целата колумна на Призма прочитајте ја на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e