Новата кривична пријава против екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, доказ за криминалното владеење на ДПМНЕ

„Последниот случај со кривичната пријава која ОВР-Прилеп ја поднесе против поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, е уште еден во низата докази за 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Екс градоначалникот Ристески е дел од случајот, во кој девет физички и две правни лица се сомничат дека го оштетиле државниот буџет за 8 милиони денари.

Станува збор за продажба на државно земјиште во 2012 и 2013 година, при што како продавач се јавува Општина Прилеп, а купувач едно од пријавените правни лица.

Како што информираше МВР, во постапката за оттуѓување на земјиштето биле употребени лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето, иако уште од 01.10.2009 година како корисник е запишано Министерството за одбрана.

Пријавата содржи елементи за основано сомнение за сторени сериозни кривични дела како: „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“, „поднесување на лажни докази“, „давање на лажен исказ“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Предметите против злосторничкото здужување и урбаната мафија, кои со години стојат во фиоките на обвинителствата и судовите, мора час поскоро да добијат разрешница.

Неселективна правда мора да има. Граѓаните бараат одговорност за криминалното трошење на нивните пари, од страна на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ, како партија на власт, Владеењето на правото е еден од темелните принципи. Затоа, ги поздравуваме чекорите за професионално филтрирање на правосудството, кои ги презема министерот за правда Бојан Маричиќ.
Работата на судовите, на претседателите на судовите, на судиите и обвинителите, мора да подлежи на темелна проверка. Законите мора да важат подеднакво за сите!“, велат од СДСМ Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e