Николовски: Владата од 2018 година неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри

На меѓународниот Ден на медицинските сестри, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски се сретна со медицинските сестри вработени во Струшката Општа Болница.

22

„Лично и од срце им изразив благодарност за нивната пожртвувана, храбра и несебична работа, за нивниот придонес за здравјето на граѓаните, особено во борбата против пандемијата со коронавирусот. Симболичната донација е за носителите на главната улога во оваа пандемија“, истакна Николовски.

33

Според него, трудот на медицинските сестри денеска е ценет како никогаш досега.

„Оваа Влада, започнувајќи од 2018 година до денес, неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри“, потенцира Николовски.

„Ви благодариме за придонесот во ова комплексно време и нека ви е честит денот!“ – порача вицепремиерот Николовски.

11

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e