Николовски: Создаваме услови лицата со посебни потреби да бидат активни граѓани

-Откако 11 години беа маргинализирани, отфрлени од системот, лицата со посебни потреби денес чувствуваат дека нашата држава е отворена за нив, не само да им помогне, туку и да создаде услови да бидат активни граѓани, кои ќе дадат свој придонес во целокупниот наш напредок. – порача денеска генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски.

-СДСМ изгради концепт во кој сите имаат шанса за напредок и развој. На нашето општество му се неопходни сите граѓани, сите можат и треба да бидат активни чинители и сите може да дадат свој придонес во развојот на општеството, нагласи Николовски појаснувајчи ги мерките и проектите за оваа категорија на луѓе.

– За првпат воведовме персонални и образовни асистенти, кои ги финансира државата;
– Воведовме мерка, 50% скратено работно време за родител на дете со попреченост, каде за 4 часовно работно време 1/2 плата дава работната организација, а 1/2 плата дава државата;
– Донесовме нов Закон за социјална заштита, во кој сите материјални права неколкукратно се зголемуваат, а се воведуваат и нови услуги;
– Невработените лица со попреченост се вклучени во програмата за самовработување каде државата дава грант од 5.000 до 10.000 € за отворање сопствен бизнис;
– Го координиравме нацрт-текстот на претстојниот Закон за градење, во кој и физичката пристапност на новите градби ја предвидовме во елементарни стандарди на градбите;
– Координиравме и обезбедивменови ортопедски помагала во вредност од 36.000.000 денари, кои досега не беа на листата на ФЗОМ.

-Нема напредок во едно општество ако нема вистинска грижа за сите. Затоа грижата за сите продолжува. Затоа што Можеме уште повеќе, уште подобро. – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e