Николовски: СДСМ ќе продолжи да го поддржува стопанството како главен предуслов за економски моќна држава

Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска во Чешиново-Облешево се сретна со граѓани и стопанственици со кои разговараше за економските предизвици со кои се соочуват тие.

4

„Посетив стопански субјекти од различни дејности, погон за ориз, фирма за откуп на печурки и овошје, конфекциски капацитет. Поддршката од државата за вакви стопански капацитети е од исклучително значење за нивниот развој и напредок. СДСМ ќе продолжи да го поддржува стопанството, за негов брз и ефикасен напредок, како главен предуслов за економски моќна држава.“ – порача Николовски од терен, споделувајќи ги сите мерки и проекти кои ги предвидуваат за стопанството во претстојниот мандат.

3

 Креираме нови работни местa преку брза трансформација на македонската економија. Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра

 Вложуваме нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување.

 Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.

Основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро.

 Продолжување на мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

2

„Заеднички ќе изградиме економски силна и развојна држава. Затоа што знаеме како, затоа што МОЖЕМЕ – уште повеќе, уште подобро!“ – порача Николовски од Чешиново-Облешево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e