Николовски по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот: Да не дозволиме да се повтори и да се бориме против фашизмот, омразата и поделбите

Огнот на сеќавањето на Холокаустот треба да свети, за да не се заборави и никогаш да не се повтори ужасот кој однесе над 7 милиони еврејски животи, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

„Злосторствата на фашизмот и логорите на смртта длабоко се врежани во сеќавањата кај нашиот народ.
Наши 7.200 граѓани од неколку градови ширум земјава беа депортирани во логорот Треблинка.
Останува должноста да не дозволиме да се повтори и да се бориме против фашизмот, омразата и поделбите во секоја форма“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e