Николовски меѓу фармерите од Зрновци ги истакна заложбите за модернизација на сточарството

Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски денеска беше на терен меѓу фармерите од Зрновци.

1

-Кога за состојбите, потребите и проблемите се информираш директно од терен, тогаш и реформите, мерките и поддршката ги даваат вистинските ефекти. Ја пренесов пораката во Зрновци, дека не отстапуваме од целта за целосна модернизација на сточарството како важна гранка од земјоделието. За сточарите овозможуваме стабилност, планско работење и зголемување на сточниот фонд , со тоа што предвидуваме доделување на повеќегодишни договори за користење на пасишта. – рече Николовски.

3

-Ја поедноставуваме процедурата за легализација на сточарските фарми, што е реален проблем за нашите сточари. Многу мерки, реални планови, за заеднички успех. После победата на 15-ти јули не чекаат убави и продуктивни години!, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e