Николовски: Институциите добиваат уште една алатка во борбата против перење пари и финансирање тероризам

-Институциите добиваат уште една алатка во борбата против перење пари и финансирање тероризам, тоа е Националниот регистар на вистински сопственици. Креиран со финансиска, експертска и организациска поддршка од Германското друштво за интернационална соработка, GIZ North Macedonia на кои сме им благодарни, рече денеска потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски.

-Со воспоставувањето на регистарот на вистински сопственици и Централниот регистар се вклучува во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура. – посочи вицепремиерот.
Николовски рече дека борбата со перење пари и финансирање тероризам бара комплексен и координиран пристап помеѓу државни институции, приватен и невладин сектор.
-Како Влада и како вицепремиер, продолжуваме да креираме мерки и да даваме придонес во борбата против перењето пари, против корупцијата и криминалот, како современо, транспарентно и демократско општество. – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e