Николовски: Градот кој го носи името на големиот Гоце, градот Делчево ја препознава разликата!

Градот кој го носи името на големиот Гоце, чие име упорно безобразно се злоупотребува во фејк-њуз ВМРО, градот Делчево ја препознава разликата!

Во само две и пол години направивме толку многу што ниту 11-те нивни години не се доволни за споредба. Нема споредба! Различни сме пријатели.

За разлика од нив зголемуваме плати, зголемуваме пензии, зголемуваме социјална помош, укинуваме трошоци како радиодифузна такса, воведуваме мерки како зелена нафта, платежна картичка и што уште не.

За каква разлика се работи, се гледа само од фактот што ЗА СИТЕ работи од овие ВМРО-ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ.

Згрешија многу што не се реформираа. Освестете ги со пораката на 15-ти јули дека мораат да се демократизираат, да прифатат слобода, да заборават на поделбите, списоците, угнетувањето, пцовките, изживувањето.

Нови генерации сме, немаме време за губење! Иднината ни пружа шанса, неповторлива е!

Дајте и поддршка на европската иднина. Го остваривме вековниот сон на борците за слобода како Гоце. Имаме Македонски народ со Македонски јазик признаени од сите!

Редно е да ги оставиме тие застарени проблеми и маки зад нас и да почнеме да јакнеме економски и да си го средиме судството.

Заедно со вашата сила, можеме! Фер општество за сите, европска и модерна татковина за секој!

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e