Николоска: Со новата развојна македонска економија генерираме повисоки плати и подобри работни места

Фаница Николоска, носителка на листа во ИЕ 6 од СДСМ и коалицијата Можеме вели дека новата македонска развојна економија, што ја нудат е заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Тоа, вели, Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места.

-Тоа е модел на спирална економија што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните генерации. На тој начин до крајот на новиот мандат можеме да обезбедиме раст на минималната плата во висина од 20.000 денари и 34.000 денари висина на просечната плата. Покрај платите растат и пензиите, па така најниските пензии ќе се зголемат за најмалку 21 отсто, рече таа.

Додаде дека дополнително го зголемуваат прагот на поврат на ДДВ-то на 9.600 денари годишно по корисник.

-Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните. Затоа на 15 јули изборот е едноставен: изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина во белиот дворец. Заедно со вас, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро, рече Николовска .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e