Муцунски призна дека немаат изградено толку градинки и училишта како што излажаа на партискиот настан

Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „Топ тема“ на Телма призна дека неговата партија нема изградено 33 градинки и останати капитални проекти во првите 100 дена од мандатот на новите градоначалници.

Наспроти помпензните изјави на партискиот настан, каде што лидерот на опозицијата Христијан Мицокски кажа дека неговите градоначалници реалзиирале преку 1000 проекти, Муцунски изјавува дека, сепак, само биле започнати процедури за овие проекти.

„Никаде не чув дека е кажано дека ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена изградило 33 градинки. Отпочнати се процедури за изградба на 33 градинки. Тоа не значи дека се изградени, туку се преземени дејствија за отпочнување на нивна градба“ кажа Муцунски.

Градоначалникот на Аеродром исто така ретерираше и по однос на бришењето на маркиците во неговата општина, кои помпезно ги најави. Вечерва Муцунски кажа дека почната иницијатива за промена на ДУП, како и дека сега има уште неколку филтри, за по неколку месеци да се избришат трите маркици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e