Министерката Ангеловска: Овогодинешниот буџет е наменет за човечкиот капитал

Претставуваме реален буџет, проектиран е за 222,3 милијарди денари или 3,6 милијарди евра, што претставува раст од 5,6 отсто за разлика од годинава, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Вкупните расходи изнесуваат 3,9 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е предвиден на ниво од 2,3% што е пониско од оваа година, кога изнесува 2,5%. Тоа е битно, бидејќи обезбедува раст во домашната економија. Овогодинешниот буџет е наменет за човечкиот капитал. Како земја сакаме да ги задржиме граѓаните. Иако не сме единствената земја која се соочува со ваквиот предизвик, сепак, свесни сме дека заостануваме зад нашите соседи. Индексот од 53 значи дека секој млад човек има услови да придонесе 53% за земјата“, рече Ангеловска.

Според министерката, владата веќе почнала со националната стратегија за вложување во човечкиот капитал.

„Во оваа насока, буџетот го насочивме луѓето да допринсеат поголем дел од својот потенцијал. За 64% се згоелемени финансиите во трите столбови, најбитни за тоа. Ако не го зајакнеме човечкиот капитал, нема да имаме реална работна сила. Повеќе од јасно ни е дека ни е потребна национална стратегија за вложување во човечкиот капитал“, истакна министерката за финансии.

Таа додаде дека како влада, издвојуваат повеќе средства здравствениот систем и во образовниот систем.

„Во 2020 година се издвоени 360 милиони денари за изградби на градинки и зголемување на постојните капацитети. 10,5 милијарди денари се одвоени за социјалната заштита на најранливите категории. Одвојуваме средства и за деинституционализација и социјални услуги, вкупно 261 милиони денари. Зголемена е и поддршката за раст на вработеноста и приватниот сектор“, рече Ангеловска.

Министерката истакна дека од први јануари ќе се зголеми прагот на ДДВ од еден на два милиони денари со цел да се намали административниот товар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e