Мицкоски: Зошто да не спроведеме електронски попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека тој се согласува да се спроведе попис во земјава, бидејќи како што рече, тоа ни е обврска и ќе ни биде обврска.

– Но, зошто да не биде електронски. Јас тоа го понудив, еве нека биде само електронски. И со стискање на копчето ентер да излезат резултатите. Податоците на граѓаните коишто ќе бидат попишани ние потоа ќе ги вкрстиме со определен број на база на податоци меѓу кои вели интегрираното гранично управување, точно знаеме кој влегува кој излегува и на тој начин ќе знаеме кој во државава е присутен, кој отсутен. Пример Вие може да биде државјанин македонски, но не значи дека сте резидент, рече Мицкоски.

Тој истакна дека нашиот систем може да спроведе електронски попис. Да ги вкрсти овие исти податоци и тие бази на податоци ќе дадат одговор како оваа држава да се развива.

– Имаме база на податоци во УЈП кој плаќал даноци. Зошто да има попис теренски. Нека се направи електронски попис и да видиме со што располагаме ние во државата. На терен кога ќе ми дојдат мене дома нема да ми остават пописна листа дека сум се попишал и ќе го прашаат мојот матичен број. Јас кога сум сам дома можам да кажам еве уште 20 матични броеви, тие се тука ама моментално се отсутни, венсете ги и овие 20 броеви во системот. Попишувате присутно население, не попишувате миграција, не попишувате иселеници, не попишувате дијаспора, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне процес на собирање на потписи за укинување на Законот за попис од оние кои немаат доверба во процесот на попишувањето на населението и очекува да биде сериозно голем одизивот и тоа да биде ставено како точка на дневен ред на Собранието и очекуваме да биде прифатено од страна на владиното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e