Мицкоски: Состојбата со Ковид заразата е драматична

Состојбата со заразата со Ковид станува драматична. Дефинитивно е дека владата нема план, нема правец и народски кажано не знае каде тера, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање.
Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. А, потценување на вирусот подразбира дека тој ќе продолжи да се шири. Секоја наша препорака ја игнорираа, и затоа најлошо се справуваме со вирусот споредено соседството. – вели Мицкоски.
Опасни се тезите дека вирусот слабее во своето дејство, таква научна теза се уште не е докажана. А, уште поопасно е тврдењето дека владата има контрола и ги знае кластерите. Бројката на новозаразени не го потврдува тоа. Ова не е политички инает, туку сурова реалност која се плаќа со животи на луѓето.
Потребна е стратегија, а не ПИ-АР манифестации на власта во кои не даваат одговори на прашањата.
А, катастрофата во здравството, се пресликува и во економијата. Таму работите се подеднакво драматични.- порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e