Мицкоски од Тетово: Ова не се обични избори, ова е избор за иднината на Македонија

Ова не се обични избори, ова е одлучувачки момент и избор помеѓу два концепти, дали ќе избереме неправда, понижувања, срам, криминал, коруција, политичко мочуриште, или пак чест, честитост луѓе кои си ја љубаат татковината, кои ја сакаат Македонија и кои ги почитуваат различностите, но, се сепак горди Македонци, луѓе кои знаат како и имаат визија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски пред граѓаните во Тетово.

Тој е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на овие избори.

-Ќе ја вратиме Македонија на народот, а потоа ќе ги засукавме ракавите и ќе си ја обновиме татковината затоа што без разлика што сме оваа татковина нас ни дала се во животот, рече Мицкоски.

Ние, потенцира тој, дојдевме до овој 15  јули и само за 30 месеци, за само 2,5 години успеавме да ги победиме и да дојдеме до предвремени парламентарни избори.

-Чекоревме одевме полека внимателно, чекор по чекор, потенцира тој, и додава дека по тој пат до нив стасувала и критика, но таа иако понекогаш боли, сепак не прави похрабри, поодлучни и поистрајни.

Две недели, потенцира тој, не делат до рекордна историска победа, по која Македонија ќе биде европска и богата, земја за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e