Мицкоски: Изборот е помеѓу СДСМ и нивните транзициски политичари и ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе работат за доброто на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше средба со граѓаните во Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на нив практично се определува иднината на нашите граѓани и потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.

Според Мицкоски, ова не се какви било избори и се поразлични од сите  други во минатото. На овие избори, како што кажа, изборот е помеѓу СДСМ и нивните политичари кои се истрошени транзициски политичари без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми, што после овие три години се повеќе се зголемија.

-Јас сум убеден дека овие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој од Македонска Каменица порача дека веднаш по победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите и сето она кое што ни се случуваше во минатото, а кое претставуваше проблем за нашите сограѓани треба да се реши.

-Нивната матрица е составен од четири чекори. Првиот чекор секогаш е предизборна лага. Ќе дојдат овде пред вас, ќе ве гледаат во очи со раката на срцето, ќе ви зборуваат за жицата, за семето и ќе ви кажат по некоја лага мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат вашата доверба и ќе заминат. Потоа вториот чекор е националниот срам, понижување и предавство, потоа следи третиот чекор пљачка и криминал и на крај е заробено обвинителство и судство за пресметка со политичките неистомисленици, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сега доаѓа време на политичари кои заедно со народот ќе разговараат што му треба, кои чесно ќе работат за сопствениот народ.

-Ние напишавме програма која ја нарековме „Обнова“ од 360 страни каде ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25%, како до 20% повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10%. 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, за угостителите намалување на данокот за додадена вредност, историски најнизок рамен данок од 8%, 640 милиони евра субвенции за земјоделците, додаде Мицкоски во Македонска Каменица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e