Лукаревска во општината Бутел: Ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики

Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, покажавме дека се грижиме за граѓаните, покажавме дека знаеме кој е најдобриот пат за државата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Важно е секој да гласа за да продолжиме заедно, Влада на ВМРО – ДПМНЕ носи опасност и хаос. Ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики, рече носителката на изборна листа од СДСМ во втората Изборна единица, Сања Лукаревска по посетата на општината Бутел.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари, што е дури 120 отсто повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.  Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните четири години. Најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто. Наша цел е  младите да ги задржиме овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО – ДПМНЕ, истакна Лукаревска.

Го развиваме, посочи таа, младинското претприемништво со поддршка од пет до 15 илјади евра, за отпочнување на сопствен бизнис

-Градевме едно општество за сите. За нас разликите се задништво. Заедно покажавме дека знаеме и можеме. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно, додаде Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e