Лукаревска: Бевме сведоци на медиумски мрак, корупција, криминал, кршење изборен процес со гласачи од Пустец

Влеговме во НАТО, ги отворивме вратите на ЕУ. Има ли погорда земја од нашата?, се обрати вечерва носителката на Изборната единица 2, Сања Лукаревска од трибината во Ѓорче Петров организирана од Коалицијата „Можеме”.

Лукаревска кажа дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години се обврза дека ќе гради мостови и додаде дека граѓаните не смеат да дозволат враќање назад.

„Не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Не смееме да заборавиме како владееше ВМРО-ДПМНЕ. Успеавме да се спасиме, да го урнисаме режимот и да си ја вратиме слободата. Тоа не може да го оспори никој. Денес живееме слободно”, се обрати Лукаревска.

„Со години лажеа дека тече мед и млеко, дека сме први на сите листи“, рече Лукаревска.

„Сите ние сведоци бевме на медиумски мрак, на корупција, на криминал, на кршење изборен процес со гласачи од Пустец. Успеавме, го срушивме режимот, и потоа сакаа да се осветат со смрт на 27 април”, рече Лукаревска.

„Не смееме да се вратиме назад! Не смееме да дозволиме обнова на кинески провизии, на тепани студенти, обнова на медиумски мрак, на рушење наместо на градење. Па и тоа што го градеа почна да се распаѓа”, рече Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e