Лажела дека е лекарка трудницата која стави во изолација броен персонал од ГАК и Ремедика

Жената која била високоризична на коронавирус и која дошла да се породи во Клиниката за гинекологија, лажела дека е лекарка, соопштија вечерва од Лекарската комора.

Потоа на свое барање таа заминала и се породила во приватната болница „Ремедика“.

Од Лекарската комора напоменуваат дека немаат информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните функции во земјава или странство.

„Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во Република Северна Макеоднија, не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит. Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство“, велат од Комората.

Таа дошла да се поради во Клиниката за гинекологија, а притоа криела дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид-19. Со тоа ставила две родилишта во изолација, а потоа самата се породила во „Ремедика“, по што и таму дел од персоналот оди во изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e