Од утре се укинуваат аптекарските квоти за лекови и се воспоставува нов електронски систем, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и вториот директор на ФЗО, Орхан Рамадани.
Укинувањето, рече Дончев, ќе значи дека граѓаните ќе можат да добијат лек кое било време во која било аптека. Граѓаните при подигањето на лекот ќе треба да се легитимираат.
– Постарите лица, деца под 18 годишна возраст и тие кои не се во состојба не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста во нивно име блиско лице да го подигне лекот. Граѓаните ќе можат секогаш во кое било време да подигнат – рече Дончев.