Кузмановска: Популистички и предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните

„Ова е популистички и предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните затоа што се она што не можевте да им го дадете, го правите сега предизборно. Го жртвувате развојот на економијата и на државата“, рече пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска.

Граѓаните, смета таа, може да очекуваат реализација на само пет проценти од вкупните расходи за капитални инвестиции.

-Рековте дека е буџет кој ќе инвестира во човечкиот капитал. Што подразбирате вие кога во делот на образование најголемо зголемување има кај договорните услуги. Кај проекти во средно образование исто така најголема разлика има во договорни услуги. СДСМ ветуваше награди за најдобри наставници и учители, а износот за тоа е нула. Во делот на високото образование, ученички стандарди и студентски стандард има кратење, а и во делот на науката за 17 проценти, наведе Кузмановска.

Таа обвини и дека пред избори без никаква методологија се ветува зголемување на пензиите за 700 денари и оти се врши притисок врз приватниот сектор да ги зголеми платите иако, оцени, продуктивноста на домашаната економија се намалува. Вака проектиран буџет, смета Кузмановска, ќе има далекусежни последици.

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи се за области врз кои се потпира човечкиот капитал. Буџетските проекции се врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП и дефицит од 2,3 отсто.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e