Караџовски: Крајно сум разочаран од непочитување на мерките

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски соопшти дека во 12 градови и општини има вкупно 97,5% од сите активни случаи, односно дека проблем се всушност пет градови, каде има најголем број на умерени и морталитет, со 7,4 проценти на 100 000 граѓани.

Проблемот се оние пет градови, каде имаме највисока инциденца, рече д-р Караџоски на денешната прес-конференција која се одржа во Владата.

-Тотално непочитување на превентивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести, од Бајрам бројот на пациенти заразени со ковид-19 значително расте. Вториот бран од 26 мај ќе се поклопи со бројот на заболени до месец април. Дојдовме до една ситуација кога цела Европа ги попушташе мерките, па и ние, очекуваме да се почитуваат мерките. Крајно сум разочаран од непочитување на мерките- рече Караџоски.

Колку повеќе тестирања, толку повеќе расте бројот на заразени лица, потенцираше Караџоски.

-Ги истестиравме сите текстилни работници, во одредени фамилии и некои алгоритми каде имавме дел од асимтоматски тестирања. Ја следиме состојбата, тоа што всушност бара СЗО од нас, а тоа е 60 -80% од ресистрираните случаи да ги имаме под контрола, односно да ги имаме во кластери- рече Караџоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e