Кацарска за „360 степени“: Треба да ги искористиме сите алатки што ни ги нуди ЕУ

Извршна директорка на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, во вечерашната емисија „360 степени“ зборуваше и за тоа дали е возможна функционална демократија во земјава додека се чека напредок за отпочнување на преговори за членство во Европската унија.

Кацарска вели дека нашите аспирации и надежи кон ЕУ се темелат на модел за проширување кога во краток период од една декада, Унијата помогна на десетина држави кои пристапија да се трансформираат од посткомунистичка фаза во демократии. Но, вели дека само дел од нив се целосно функционални демократии.

„Европската унија не е волшебно стапче со кое сите ќе се претворат во целосно функционални демократии. Како аргумент дека проширувањето не функционира го користат старите земји-членки, на пример, погледнете ја Унгарија, Полска, но од друга страна Естонија пак има исклучително добри перформанси“, вели Кацарска.
Од друга страна, таа додава дека регионот треба да биде свесен дека е исклучително интегриран со Европската унија.

„Со Спогодбата за стабилизација и асоцијација ние сме на пат кон интегрирање во тој пазар на некој начин. Тука и како Институт се обидуваме да ја отвориме дискусијата за тоа кои инструменти од таа Спогодба се искористени или неискористени. Ние можеме да очајуваме дека долго ќе чекаме на ЕУ, но сметам дека треба да се насочиме кон искористување на алатките што ги нуди Спогодбата особено со земјите-членки со кои несомнено имаме добра трговска размена“, вели Кацарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e