Јовески ќе истражува дали Јанева законски си доделила 157.000 евра бонуси

Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за неколку медиуми денес најави дека Јавното обвинителство ќе ја проверува законитоста на исплатата на дополнителните додатоци за екс специјалната обвинителка Катица Јанева и за обвинителите од СЈО.

Јовески додава дека тие немале увид во висината на доделните бонуси.

„Исплатата на плати надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката „Отворени финасии“ висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајтот на Јавното обвинителство јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, посочува Јовески.

Тој најави детално испитување на сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците.

Ова следи откако на владината алатка „Отворени финансии“ беше објавена и висината на бонусите кои ги земале обвинителите од СЈО. Во јавноста излезе информација дека Катица Јанева земала 157.000 евра додаток на својата плата. Само оваа година, си доделувала по 250.000 денари плус месечно.

Премиерот Заев изјави дека случајот треба да се истражи и доколку се докажат одредени злоупотреби, да следат соодветни постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e