Изминатото деноноќие 76 нови случаи на Ковид-19, почина 56-годишна жена

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

– Скопје 52
– Куманово 2
– Штип 1
– Тетово 14
– Велес 2
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

– Скопје 12
– Куманово 2
– Тетово 11
– Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19, информираат надлежните.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e