Излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

о градската болницата Осми септември излекуван пацинет кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот. Ова е 6 ти познат случај во светот каде Ковид-19 предизвикал ваква клиничка слика, велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Во 8 ми септември последнотот деноноќие биле примени 9 пациенти а пуштени дома 10. Докоторите се оптимисти дека ќе продолжи треднот на повеќе оздравени од новозаболени.

Со брза помош и со количка, 20 годишен пациент позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во ГОБ 8ми септември со симптоми налик на мозочен удар. Докторите ги направиле сите испитувања и откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит. Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клинчичка слика, објаснува д-р Илија Здравков. Докторите, сестрите и медицнскиот персонал се среќни што денеска го испратиле дома оздравен и со насмевки.

Младиот човек со редок случај на Ковид 19 кој предизвикал тешко воспаление на мозок го лекувале 14 дена, а црпеле искуства од малкуте вакви случаи низ светот.

Ова е убава вест меѓу медицинските работници во болницата кои со месеци секојдневно водат битки со Kовид-19 и се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Ноќеска биле примени 9 нови пациенти со пневмонии а 10 оздравеле.

Во градската болница има 118 пацинети, 81 позитивен на Ковид-19, 15 сомнителни и 21 негативен на корона вирусот.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e