Ивановски: Да се надеваме дека Уставниот суд нема да ја турне државата во безизлез

„Да се надеваме дека разумот на правдата, односно здравиот разум нема да запре пред портите на Уставниот суд. Во крајна линија да се надеваме дека сето ова нема да успее да ја совлада Јустиција и да ја турне државата во безизлез“, изјави поранешниот судија во Уставниот суд, Трендафил Ивановски за ТВ 24.

Според Ивановски иницијативата на Уставниот суд пак се активира и истата предизвикува дилема и загриженсот во експертската јавност и граѓаните.

„Со активирање на оваа иницијатива од Уставниот суд, се сака да се сруши целосно принципот на владеење на правото и овозможување на хаосот кој се случуваше претходно во државата“, посочува Ивановски.

Ако се оди на понотамошно одлучување што и како би можел да одлучи Уставниот суд, тој може да ја запре постапката што би била најправилна одлука, но може и да ја продолжи постапката и да донесе една касатароска одлука со која што или ќе го укине тој член од законот или ќе го продолжи, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e