Илјаc од Врапчиште: Турците активно учествуваат во политичкиот живот во нашата држава

Турците активно учествуваат во политичкиот живот во нашата држава и се важна алка во нашето мултиетничко општество и продлабочување на традиционалните пријателски односи со Република Турција. – порача Бејџан Илјаc на вечерашната граѓанска трибина во  Врапчиште.

Мислејќи за подобра иднина ние дојдовме да бидеме во коалиција со СДСМ. Имаме програмски усогласувања и затоа сме дел од Коалицијата „Можеме“. Tриесет години на политичката сцена здружена сила со исто така стара, искусна и голема партија како СДСМ, за подобра иднина на сите.

Нашиот стремеж отсекогаш бил и останува ист. Земаја со еднакви права и можности за сите, порача Илјас од граѓанската трибина во Врапчиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e