Димова одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Можеби сега ќе му стане јасно на младиот Андоновски дека е жртва на сопствениот сој!

Директорка во Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова одговори на обвинувањата кои ги пласираше во јавноста опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Имено, ВМРО-ДПМНЕ излезе со низа обвинувања дека Агенцијата и во време на епидемија работи незаконски, на што Димова го порача следново:

„Знаењето е сила, знаењето е моќ“ – ова не е цитат од програмата Еразмус+, ниту слоган на Никола Груевски. Чинам дека познатиот англиски автор Франсис Бекон го имал на ум токму Стефан Андоновски кога влезе во историјата со оваа теза.

Лажните вести се страшна работа, но уште пострашни се лажните со по малку примеси на вистина. Затоа, кадарните луѓе прво ги проверуваат изворите, а потоа – ако се тие точни – излегуваат на конференции за печатот. Веројатно младиот Стефан избегал од час кога се предаваше оваа лекција.

Дозволете да бидам попрецизна. Информацијата доаѓа од еден наводно анонимен мејл [email protected]. ДПМНЕ и Стефан Андоновски треба да знаат дека не се верува на вакви извори, бидејќи Еразмус+ програмата нуди загарантирана заштита за свиркачи и тоа одамна, уште пред ние да донесеме закон за тоа. Оттука, авторот на овој мејл можел да се обрати директно како свиркач во програмата, а не да шири партиски памфлети.

Инаку заради информирање на јавноста, точно е дека доцна беа доставени завршните сметки во Централниот регистар и точно е тоа дека недостигаа средства во касата. Но, погрешно е дека станува збор за десетици илјадници евра и дека не е ништо преземено.

Имено, по тоа се разликува ДПМНЕ и СДСМ. Додека ДПМНЕ се занимава со заташкување, СДСМ реагира. Засега ќе кажам дека се преземени 3 дисцилински постапки, две кривични пријави во ОЈО и во Финансиска полиција и изречена се две казни „отказ“. Немам никаква дилема дека и другите институции ќе реагираат.

Можеби сега ќе му стане јасно на младиот Андоновски дека е жртва на сопствениот сој!

Другото не заслужуваше коментар ни пред неколку месеци, а ниту сега! – порача Димова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e