Димитров: Референдумот за Преспанскиот договор е обврска и дава политички легитимитет

Речиси сите основи каде Владата може да склучува меѓународни договори во име на Републиката се присутни во Преспанскиот договор. Второ Преспанскиот договор се разбира дека е ратификуван во согласност со Уставот, за него гласаа подоцна и со уставните измени 2/3 од пратениците во Собранието, а го поддржаа близу 610 000 граѓани.  , рече кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ 1 и шеф на дипломатијата Никола Димитров во „Отворено студио“ на 24Вести.

Димитров појасни дека иако  никаде не се вели дека треба да има референдум за овој меѓународен договор, референдумот, како што рече Димитров, е обврска и дава политички легитимитет.

-Да биде успешен тој референдум, а никаде не вели дека треба да има референдум за да може ова да се направи и да се случи Преспанскиот и да се усвојат уставните амандмани нас ни фалеа „против“ затоа што тогаш некој реши и се пресмета дека гласовите „против“ ќе бидат помалку од гласовите „за“. Нема да може да се вратиме на проблемот, доколку сакаме кон ЕУ. Имате право да не ви се допаѓа Преспанскиот договор, порача Димитров до својата соговорничка Силјановска.

-И денес сме Македонија. Во сите досегашни одредници која е константата – Македонија. За две ипол години никогаш не сме имале поголеми успеси во надворешната политика! – рече Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e