Димитров од Чаир: 27 април е најдрастичното лице на пустошот што го наследивме од опозицијата

На вечерашната трибина со граѓаните во Општина Чаир, кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров на 10 дена до победата на СДСМ на парламентарните избори, потсети каде бевме, каде сме сега и каде ќе одиме.

„Ќе ве потсетам сите на 27 април 2017 год. Тие слики што ги гледавме, се најдрастичното лице на пустошот што ние го наследивме. Пустош во секаква смисла. И во смисла на меѓуетничката толеранција и заедништвото. Играа на делби во тоа време. И во демократска и во правна смисла. Оти нападот врз Собранието беше обид да не се даде власта при изгубено парламентарно мнозинство.“ – истакна Димитров.

 

Факт е дека има области каде можевме да бидеме и подобри. Ама исто така е факт, дека дојдовме на пустош, наследен од опозицијата. Исто така е факт дека во нашиот напор да одиме напред, од позади не влечеа назад инсталации во правосудство, во администрација и каде уште не. – потенцираше Димитров.

За оние кои се’ уште не се определиле и одлучиле да гласаат, Димитров со зборовите на 16-от американски претседател, Абрахам Линколн „Јас чекорам бавно ама никогаш назад“ им порача со СДСМ и коалицијата „Можеме“ да ја зграпчат шансата за иднината на граѓаните на нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e